Софија Сталоне, најстарата ќерка на Силвестер Сталоне, на Инстаграм објави дека се свршила и предизвика лавина од коментари на оваа социјална мрежа. Инаку Софија неодамна го прослави својот 30-ти роденден, а нејзиниот татко, Силвестер Сталоне, по тој повод се огласи на социјалните мрежи. Сепак, се чини дека ова не е единствената причина за славење во семејството на славниот актер, бидејќи Софија имала уште едно изненадување.