Американскиот претседател Доналд Трамп во објава на социјалната мрежа „Truth Social“ уште еднаш ги отфрли тврдењата… Американскиот претседател Доналд Трамп во објава на социјалната мрежа „Truth Social“ уште еднаш ги отфрли тврдењата дека на вештачката интелигенција ѝ е потребна построга регулација. „Кога станува збор за вештачката интелигенција, кога во историјата на бизнисот сме виделе лидери на некоја индустрија да повикуваат на регулација која, доколку строго се спроведе, би ги довела до пропаст и банкрот? Тврдењата дека вештачката интелигенција ќе го преземе светот, ќе го уништи човештвото и ќе ги направи сите други лоши работи се ЛАЖНА ТРЕВОГА, ништо поразлична од ЛАЖНАТА ТРЕВОГА ‘РУСИЈА, РУСИЈА, РУСИЈА’ – ‘УКРАИНА, УКРАИНА, УКРАИНА’ – ЛАЖНАТА ТРЕВОГА ЗА ИМПИЧМЕНТ #1 – ЛАЖНАТА ТРЕВОГА ЗА ИМПИЧМЕНТ #2 – и сите други ЛАЖНИ ТРЕВОГИ И ИЗМАМИ што Америка мораше да ги трпи поради валканите игри и незаконското делување на деструктивните сили и девијантите“, истакна тој.