Светиот маченик Мирон, презвитер Свештеник во некое место во Ахаја, од богат и угледен род, по природа благ и кроток, богољубив и човекољубив. Во времето на царот Декиј, а на денот на Рождеството Христово, јурнаа незнабожците на црквата, го извлекоа Мирон од службата и го ставија на маки. При мачењето во огнот му се јави ангел Господов и го поткрепи.