Отец Ивица ТОДОРОВ Денес, како и порано низ вековите, многумина го читаат Светото Писмо, запишаното Откровение Божјо, многумина го читаат, но, исто така и признаваат дека тоа е тешко за разбирање. А тоа е така, како што е, затоа што секој треба да има сознание дека Светото Писмо е КНИГА на ЦРКВАТА и тоа не може на вистински начин да се разбере и протолкува надвор од Црквата, надвор од Новозаветниот народ Божји и надвор од духовниот и историскиот живот на таа иста Црква. Во периодот на Стариот Завет, старозаветните свети книги му припаѓаа на старозаветниот еврејски народ Божји.