Православните христијани утре го слават празникот посветен на погубувањето на св. Јован Крстител, што секоја година се празнува на 11 септември, а кај народот е познат под различни имиња: Св. Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св. Јован Опсечен и други. Свети Јован Крстител ужива голем култ кај верниците во христијанскиот свет и оставил значајни траги и во традицијата на македонскиот народ. Како и другите празници посветени на овој светител и овој ден се празнува со многу внимание, со домашни и народни свечености.