Градскиот воз во Скопје за само три дена од стартот превезе околу 1.500 патници, а првичните анализи покажуваат дека интересот кај граѓаните е добар и се очекува бројката во периодот што следи значително да расте. Плановите предвидуваат проширување на железничкиот сообраќај со уште две линии, со кои повеќе приградски населби ќе бидат поврзани со Новата железничка станица, истакна во вечерашното гостување во ТВ Сител, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Првичните анализи се добри, за три дена имаше некаде околу 1.500 патници.