По повод 35 години од независноста на Република Македонија , денес, 8 септември 2026 година , во една од највеличествените концертни сцени во земјава – црквата „Св. Софија“ во Охрид, ќе се одржи свечениот концерт „Македоникум“ . Концертот ќе започне во 19:30 часот и ќе претставува музичко патување низ современиот македонски музички израз, во чест на јубилејот – 35 години независност. Во центарот на вечерта ќе биде светски познатиот македонски композитор и пијанист Давор Јордановски , чии авторски дела ќе бидат изведени во уникатен камерен состав. Покрај самиот Јордановски на пијано, на сцената ќе настапат и врвните македонски уметници.