„Министерот за здравство, Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и доктори од Клиничката болница Штип, заедно со делегација на Светска банка, го разгледаа концептот за завршување и целосно опремување на новиот болнички комплекс.
Сакаме овде пациентите да добиваат навремена и квалитетна здравствена услуга, а здравствените работници и студентите да имаат современи услови за работа, практична настава и професионален развој – вели Клековски.
„На средбата со претставниците на Светската банка биле разгледани следните чекори, меѓу кои техничките и финансиските анализи, моделот на финансирање, проектната документација и механизмите за контрола на квалитетот, трошоците и роковите.
„Заменик-директорката на Клиничка болница Штип, Билјана Ефтимова, по средбата со министерот за здравство Сашо Клековски и директорот на Фондот за здравство Златко Перински, информираше дека се очекува извештајот од осигурителната компанија за целосна проценка на штетата.