„Министерот за здравство, д-р Сашо Клековски, заедно со заменик-министерот Јовица Андовски, директорот на Фондот за здравствено осигурување Златко Перински, градоначалникот на Тетово Билал Касами, директорот на Клиничката болница Тетово, д-р Ерзен Елези, како и делегација на Светска банка и претставници на Министерството за здравство, денеска ја посетија Клиничката болница во Тетово.
Во рамки на посетата, со претставниците на Светска банка биле разгледани следните чекори за реализација на проектот, меѓу кои подготовка на физибилити студија, изработка на техничка документација, анализа на трошоците и придобивките, како и дефинирање на одржлив модел на финансирање.
„Министерството за здравство најави дека во соработка со Фондот за здравствено осигурување, Општина Тетово и раководството на Клиничката болница, ќе обезбеди координирана подготовка, транспарентност и институционална поддршка во сите фази од реализацијата на проектот.