Би сакал да се заблагодарам на градоначалникот на Општина Гази Баба, на советниците од Советот, -Би сакал да се заблагодарам на градоначалникот на Општина Гази Баба, на советниците од Советот, на администрацијата, се разбира, без која не можат овие проекти да се случат, на пратениците коишто доаѓаат од Општина Гази Баба, на колегите од Владата, на ресорниот министер за животна средина и просторно планирање, затоа што за овој сложен проект како Влада одлучивме да биде еден од приоритетите со којшто ќе се гради Македонија како држава, а граѓаните ќе добијат подобри услови за живот. А сите овие проекти, кога ќе ја добијат својата форма онака како што се замислени, тогаш сигурен сум дека ќе имаме и голема додадена вредност врз квалитетот на животот на сите граѓани. Денеска во Македонија на повеќе од 1.200 места се гради, нешто коешто за нас како Влада е многу значајно бидејќи на тој начин не само што се ангажира домашната оператива и претставува сериозен индикатор за подобра економска активност, туку и на овој начин овозможуваме да покажеме и докажеме дека децениски проблеми можело да се решат.