Обвинителката Ленче Ристоска, која беше предметен обвинител во случајот „Талир 2“, но си поднесе оставка откако обвинителот и ги одзеде овластувањата за предметите, оценува дека според образложението на Апелација која ја потврди ослободителната пресуда за Никола Груевски, таквата одлука не е донесена поради недостиг на докази, туку поради толкување на Обвинителката Ленче Ристоска, која беше предметен обвинител во случајот „Талир 2“, но си поднесе оставка откако обвинителот и ги одзеде овластувањата за предметите, оценува дека според образложението на Апелација која ја потврди ослободителната пресуда за Никола Груевски, таквата одлука не е донесена поради недостиг на докази, туку поради толкување на судот кое не наоѓа правна поткрепа во законите. Во продолжение целиот статус на Ристоска објавен на Фејсбук. „Случајот Талир 2 е случај за тоа како политичката партија ВМРО ДПМНЕ со цел да добие партиско седиште и финансиски средства, на градежната компанија Бетон и пренесува градежно неизградено земјиште од околу 800 м2 и за возврат од добива изградба на партиското седиште и исплаќање на паричен износ, сето во вредност од околу 9 милиони евра (над 10.000 евра за метар квадратен неизградено земјиште во 2013 година), во период кога ВМРО ДПМНЕ е на власт, а градежната компанија интензивно добива тендери од државата.