Делегации предводени од градоначалниците на италијанските општини Новело, Монфорте д’Алба и Родино… Делегации предводени од градоначалниците на италијанските општини Новело, Монфорте д’Алба и Родино деновиве престојуваат во Делчево, во рамки на возвратната посета со која се продлабочува соработката меѓу македонската општина и трите италијански партнери. Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, денеска оствари средба со градоначалникот на Новело, Марко Паларо, градоначалникот на Родино, Марко Андријано, како и со делегацијата од Монфорте д’Алба, предводена од Лука Роси. На средбата беше нагласено значењето на меѓуопштинската соработка, особено во областите на економскиот развој, туризмот, културната размена и руралниот развој.