Со серија конкретни предлози од областа на урбанизмот, дигиталната економија, туризмот и… Со серија конкретни предлози од областа на урбанизмот, дигиталната економија, туризмот и заштитата на заедницата, заврши првиот Форум на дијаспората во организација на Општина Делчево, каде на иста маса седнаа претставниците на локалната власт, бизнис-секторот, активистите и македонските иселеници од повеќе европски земји. Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, во своето обраќање ја истакна заложбата за долгорочно партнерство со дијаспората, потсетувајќи и на неодамнешното збратимување со четири општини од Италија каде што живеат и работат бројни делчевци. Тој ги повика иселениците да инвестираат со своето знаење, контакти и капитал во идниот развој на градот.