Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска од Крушево, градот-симбол на… Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска од Крушево, градот-симбол на Илинден и македонската државност, упати порака по повод 2 Август – Илинден, нагласувајќи дека овој датум претставува симбол на вековната борба на македонскиот народ за слобода, самобитност и сопствена држава. Тој истакна дека идеалите на илинденците денес се продолжуваат преку развојот и изградбата на современа Македонија, посочувајќи дека државата реализира најголем инвестициски циклус досега, со изградба на автопати, железничка инфраструктура и бројни проекти низ сите општини. Втори август Илинден, денот на Илинденското востание и денот на Антифашистичкото собрание за народно ослободување на Македонија.