Македонската пејачка Јованка Јо која јавноста ја запозна во регионалното талент шоу „Никогаш не е доцна“ го објави своето најново музичко издание „Луда среќа“ , песна што носи силна емотивна порака за љубовта, судбината и вербата дека вистинските луѓе секогаш ќе го пронајдат патот еден до друг. Песната е дело на Ефтимија Јованова, која ги потпишува музиката, текстот и аранжманот, додека за аудио миксот и мастерингот е заслужен Темелко Андреев. Видеоспотот е реализиран во продукција на Фабрика Продукција, со камера на Јаков Огненовски, а режијата ја потпишува Љупчо Трајковски.