„Во пресрет на 35 години независна Македонија, Демократскиот сојуз нагласува дека заслугата за осамостојувањето ја имаат Македонците и припадниците на националните малцинства, и повикува на единство и конкретни дела за современа европска Македонија „Во пресрет на одбележување на 35 години независна Македонија се разви полемика, партиски расправи и пресметки за тоа, чија е заслугата или кој ги оспорува фактите на процесот на градење на современа македонска држава . Гледано од денешна перспектива, во деведесеттите години актуелните водства на повеќето политички партии имаа многу малку или воопшто немаа никакво влијание во процесите на осамостојување на државата“, велат од ДС. „Тешкиот пат и товарот на раздвојување на Македонија од Југославија го понесоа тие што не се сликаа на бината на Градскиот плоштад во Скопје, туку со стратегија, планови и оружје, успеаја да се спротивстават на ЈНА и да ги удрат темелите на државата.
Македонците заедно со сите други граѓани и покрај опструкциите на референдумот за независност, цврсто и јасно ја искажаа вековната определба за самостојна и независна Македонија.
„Сакаме да им честитаме на сите граѓани, но и на сите полицајци, оперативци, старешини и водството на Министерството за внатрешни работи, како и на припадници на армијата, кои направија сѐ процесот на осамостојување да се одвива брзо и да се заврши со историски успех.
Гледано од денешна перспектива, во деведесеттите години актуелните водства на повеќето политички партии имаа многу малку или воопшто немаа никакво влијание во процесите на осамостојување на државата.
„Тешкиот пат и товарот на раздвојување на Македонија од Југославија го понесоа тие што не се сликаа на бината на Градскиот плоштад во Скопје, туку со стратегија, планови и оружје, успеаја да се спротивстават на ЈНА и да ги удрат темелите на државата.