На денот кога се оддава почит на Струмичката петорка, пет млади студенти кои се симбол на борбата за слобода и достоинство во македонската историја, Мицкоски ја истакнува важноста од паметење на нивниот подвиг и жртва На денешен ден, 13 август, се сеќаваме на Струмичката петорка Мирко Пецев, Ѓорги Јармов, Ѓорги Костуранов, Борис Белев и Стево Топчев. Пет млади животи, пет струмички студенти, кои останаа запишани во македонската историја како симбол на една генерација што сонувала за слобода , достоинство и иднина за својот народ, напиша премиерот, Христијан Мицкоски на „Фејсбук“. Нивната трагична судбина, додава тој, е дел од болните страници на нашата историја . „Денес, со почит и достоинство, се поклонуваме пред нивниот спомен и ја чуваме обврската да ги паметиме сите жртви од минатото, градејќи иднина во која почитта, правдата и човечкото достоинство ќе бидат темели на нашето општество.