Од ВРЕДИ реагираат на барањата на ДУИ за предвремени парламентарни избори, обвинувајќи ја партијата на Али Ахмети дека пред да зборува за легитимитет треба да одговори зошто, како што велат, никој од раководството не понел политичка одговорност по поразот на локалните избори. „Фолирантите од ДУИ, пред да отворат уста за избори, нека кажат зошто по Од ВРЕДИ реагираат на барањата на ДУИ за предвремени парламентарни избори, обвинувајќи ја партијата на Али Ахмети дека пред да зборува за легитимитет треба да одговори зошто, како што велат, никој од раководството не понел политичка одговорност по поразот на локалните избори. „Фолирантите од ДУИ, пред да отворат уста за избори, нека кажат зошто по поразот на локалните избори никој кај нив не понесе политичка одговорност“, велат од ВРЕДИ . Од владејачката партија наведуваат дека Али Ахмети продолжил со, како што го нарекуваат, „старата финта за повлекување“, додека Бујар Османи, иако го изгубил Чаир, останал потпретседател и, според нив, еден од главните кандидати за лидерската позиција во ВРЕДИ . Во реакцијата се посочува и Бајрам Реџепи, за кого ВРЕДИ тврди дека го изгубил Тетово, но останал член на партиското претседателство.