Почетоците на празникот во четвртиот век.
„Презвитер Калпаковски појаснува дека празнувањето на Успението на Богородица се развило од празнувањето на Божик, некаде во четвртиот век, во кој настан Богородица, Мајката на нашиот Бог и Спасител, играла важна улога.
Блаженото успение е наменето за сите нас, кои треба со чистота на душата и телото да го дочекаме секој својот земен крај, дека и нашата душа треба да се стреми да биде како чисто бебенце, слична на душата на Марија, зашто Господ има подготвено многу живеалишта на небото и го остава небото отворено... за сите нас - порачува презвитер Игор Калпаковски од храмот Пресвета Богородица во Скопје, во разговор за МИА, по повод денешниот празник Успение на Пресвета Богородица.
„Презвитер Калпаковски одговара како Успение на Богородица - еден од 12-те главни празници на Православната Црква, за верниците се развивал низ историјата и кога започнува неговото посебно литургиско и црковно одбележување, за силното место на Гетсиманија и Ерусалим во православното богослужбено предание поврзано со Успението, за духовната порака на Успението за современиот човек – и како треба го одбележиме празникот.