Претседателот на Собранието, Африм Гаши информира дека денеска ја потпишал одлуката за… Претседателот на Собранието, Африм Гаши информира дека денеска ја потпишал одлуката за распишување на предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври. Денес, во согласност со Уставот, Изборниот законик и важечките закони, ја потпишав одлуката за распишување на предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври 2026 година. Очекувам од Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија на Брвеница и од сите органи задолжени за спроведување на оваа одлука, изборниот процес да го спроведат професионално, непристрасно и со целосно почитување на законот и процедурите – напиша на Гаши на својот Фејсбук профил.