СДСМ обвини дека министерот во Владата, Иван Стоилковиќ, преку своите активности и најави за соработка со… СДСМ обвини дека министерот во Владата, Иван Стоилковиќ, преку своите активности и најави за соработка со Кина придонесува за, како што велат од партијата, засилување на кинеското и руското влијание во земјава. На прес-конференција, Кети Штерјова оцени дека активностите на Стоилковиќ ја потврдуваат тезата на СДСМ оти дел од политиките на актуелната власт се насочени кон интереси кои, според опозициската партија, не се во согласност со стратешките интереси на државата. „Се потврдува она што го говори СДСМ – Иван Стоилковиќ, соработник на Мицкоски и министер во неговата влада, работи за кинеската и руската агенда“, изјави Штерјова.