„Новоизбраната претседателка на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, денеска пред Судскиот совет даде свечена изјава пред стапувањето на функцијата, при што порача дека ќе продолжи со досегашното темпо на работа и како клучни приоритети ги посочи одржувањето на ажурноста на судот, намалувањето на заостанатите предмети, целосната анонимизација на судските одлуки и унапредувањето на транспарентноста преку нова веб-страница.
Таа претходно беше вршител на должност повеќе од една година.
„Димовска вети дека ќе ја оправда довербата и очекувањата на граѓаните.