Антикорупциската комисија отвори предмет единствено за “евентуален“ судир на интереси на Николче Мицевски, претседателот на Комисијата што ја разгледувала понудата, кој подоцна се појавува и како учесник во програмата. Од операција тешка околу 5,5 милиони евра, формалната антикорупциска проверка во моментов се сведува на едно лице и прашање, додека надвор од предметот остануваат начинот на финансирање, корпоративните одлуки на Државна … Антикорупциската комисија отвори предмет единствено за “евентуален“ судир на интереси на Николче Мицевски, претседателот на Комисијата што ја разгледувала понудата, кој подоцна се појавува и како учесник во програмата. Од операција тешка околу 5,5 милиони евра, формалната антикорупциска проверка во моментов се сведува на едно лице и прашање, додека надвор од предметот остануваат начинот на финансирање, корпоративните одлуки на Државна лотарија, единствената понуда, експресната евалуација, договорите, исплатите и целата временска линија на договарањето, велат од Левица преку соопштение.