Престиж е тоа што Македонија е домаќин на еден од најголемиот собир во делот на градежништвото, каде неколку стотини професори од целиот свет диксутираат за инженерски предизвици во градежништвото, истака денеска, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, обраќајќи се на научната конференција “Eurock 2026” – во организација на Друштвото за геотехника на Македонија и Градежниот факултет … Престиж е тоа што Македонија е домаќин на еден од најголемиот собир во делот на градежништвото, каде неколку стотини професори од целиот свет диксутираат за инженерски предизвици во градежништвото, истака денеска, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, обраќајќи се на научната конференција “Eurock 2026” – во организација на Друштвото за геотехника на Македонија и Градежниот факултет како коорганизатор. Во своето обраќање, заменик претседателот Николоски потенцираше дека државата и научната и стручна јавност имаат нераскинлива врска во делот на реализацијата на инфраструктурните проекти во државата. Тој ги потенцира крупните капитални инвестиции за кои како што нагласи, научната јавност има силно влијание во решавање на комплексните инженерски решенија.