Во соопштението од Левица велат дека „механизмот на заемна неказнивост“ останува недопрен и дека криминалот, наместо да добие судски епилог, поминува низ фази на предистрага, предмет и архивирање или застарување. „Четиринаесет луѓе загинаа, пет години поминаа, три обвинителки го менуваа предметот, две влади се сменија, а политичко-бизнис врвот повторно излегува без правен товар од целата Во соопштението од Левица велат дека „механизмот на заемна неказнивост“ останува недопрен и дека криминалот, наместо да добие судски епилог, поминува низ фази на предистрага, предмет и архивирање или застарување. „Четиринаесет луѓе загинаа, пет години поминаа, три обвинителки го менуваа предметот, две влади се сменија, а политичко-бизнис врвот повторно излегува без правен товар од целата приказна“, наведуваат од партијата.