Во издание на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија, денеска од печат… Во издание на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија, денеска од печат излезе туристички водич со наслов “Gevgelija Unveiled: A First-Time Visitor’s Handbook”, во кој на англиски јазик се претставени природните убавини и културните знаменитости на градот и регионот. Од оваа установа велат дека целта на водичот е да ги запознае странските посетители на Гевгелија со основни податоци за неговата културна историја и традиција, археолошките особености, актуелните културни манифестации, духовниот живот низ вековите, природата, храната и сите други нешта и подробности кои ја прават оваа општина автентична и репрезентативна туристичка локација. Покрај содржината посветена на културното и природното наследство, во водичот има и кратки прегледни информации за културните и спортските институции и друштва, кратки биографски белешки за историски личности од Гевгелија и регионот, како и за актуелни манифестации.