Македонските спортисти кои освоија медали на Медитеранските игри во Таранто денеска ќе… Македонските спортисти кои освоија медали на Медитеранските игри во Таранто денеска ќе ги споделат своите впечатоци од настапите на прес-конференција што ќе се одржи во Македонскиот олимписки комитет (МОК) со почеток во 11 часот. На настанот ќе се обратат претседателот на МОК, Даниел Димевски, како и медалистите Фати Вејсели, Реџеп Хајдари, Вероника Консевиќ, Ален Рустемовски и Матеј Белистојановски, кои со своите резултати ја претставуваа Македонија на Медитеранските игри во Таранто. Од МОК посочуваат дека успешниот настап на македонските спортисти претставува потврда за нивниот квалитет, посветеност и потенцијал, како и значаен успех за македонскиот спорт.