Екипата на Новаци стигна до втората сезонска победа, откако славеше во Гевгелија над Кожуф со голот на Христијан Драгарски со минимални 0:1, во меч од 6. коло на Втората лига. За Новаци ова е втора победа во низа и со тоа на своето конто има седум бодови, откако претходно ремизираше со Осогово во Кочани (0:0) Екипата на Новаци стигна до втората сезонска победа, откако славеше во Гевгелија над Кожуф со голот на Христијан Драгарски со минимални 0:1, во меч од 6. коло на Втората лига. За Новаци ова е втора победа во низа и со тоа на своето конто има седум бодови, откако претходно ремизираше со Осогово во Кочани (0:0). Новаци кој до пред петтото коло беше претпоследен, сега „помина“ голем број на екипи на табелата и изби на седмото место.