Кај жените доставени се дури 102 барања за трансфери, за разлика од „скромните“ 24 молби кај мажите. Дел од сениорските репрезентативки побараа промена на средината, а од редовите на шампионот Работнички Скопје желба да заминат имаат три одбојкарки – техничарот Јана Балов, која побара да премине во Младост УГД, либерото Фросина Трајковска која сака да Кај жените доставени се дури 102 барања за трансфери, за разлика од „скромните“ 24 молби кај мажите. Дел од сениорските репрезентативки побараа промена на средината, а од редовите на шампионот Работнички Скопје желба да заминат имаат три одбојкарки – техничарот Јана Балов, која побара да премине во Младост УГД, либерото Фросина Трајковска која сака да се „пресели“ во Пелистер Волеј, како и една од најискусните одбојкарки Антонија Баталаковска, која треба да го засили ЖОК Вардар ЕМ. Капитенот на женскиот национален тим, Емилија Попјордановска бара „трансфер“ во ЖОК Вардар ЕМ, додека на нејзино место во Газели Волеј треба да дојде репрезентативната колешка, Надица Антевска, која претходно го носеше дресот на Јанта Волеј КВ. Скоро и да нема клуб во Првата женска лига кој не прави сериозни промени во составот.