Џенаро Гатузо допрва треба да го докомплетира тимот и да добие уште некое посакувано засилување до крајот на месец август, а во период кога се уште е во потрага на вистинската идеја за својот тим, Рино доби прво големо разочарување Неколку дена по возбудата која настана поради ангажманот на Давиде Фратези, фановите на Лацио беа брутално приземјени, и тоа од тим кој лани заврши деветти во Серија Б. Мантова успеа да го освои „Олимпико“ и да постигне два гола за голема победа над Лацио, а воедно го приреди и првото огромно изненадување на средината на месец август. Големото засилување Фратези доби шанса во завршните 20 минути од мечот, но токму со него на теренот, Лацио прими два гола и доживеа прв голем срам во ерата на Гатузо. Руоко погоди за 0:1 во 75-та минута, а иако Лацио се обиде да реагира, на крајот прими уште еден гол длабоко во судиското продолжение од Кајазо за конечни 0:2.