Калчолигашот Комо дебитираше во Лигата на шампионите и тоа на фанстатичен начин со убедлив триумф над РБ Лајпциг, тим кој е редовен учесник на оваа сцена. Победата од 4-1 донесе многу радост, нова енергија, но тренерот Сеск Фабрегас не сака еуфорија и испрати јасна порака дека мора веќе да се размислува за наредниот предизвик, а тоа се обврските во Серија А. - Среќен сум, но ќе трае само пет минути, бидејќи потоа треба да се подготвиме против Парма во понеделник, а ни треба истата енергија како вечерва. Очигледно, разбирам дека е историска ноќ за градот и клубот, тоа е подарок што го заслуживме за неверојатната работа што ја завршивме минатата сезона, но Серија А останува најважната цел.