Ријана престојува во својот роден крај, на Барбадос, каде што ужива во одморот со своите три деца, што може да се види на фотографиите што ги објави Таа позирала со своите синови и ќерката, која е родена пред единаесет месеци, а се фотографирале на улицата Вестбери Њу Роуд, која од 2017 година го носи името „Ријана Драјв“ во нејзина чест. Славната пејачка токму таму пораснала, а познато е дека уште од почетокот на кариерата го носи прекарот „убавицата од Барбадос“, па јасно е дека ова за неа било многу емотивен момент. „Во еден момент се чувствувам како она дете од Вестбери, а веќе во следниот ги носам сопствените деца назад на улицата Ријана.