„Минатата ноќ, на планината, зимата пристигна во лето“, напиша Новак Ѓоковиќ на социјалните мрежи по гала-вечерта што ја приреди за семејството и пријателите во Котор, одбројувајќи ги деновите до премиерата на документарниот филм „The Wolf in the Winter“ Фотографиите од незаборавната забава на едно од најубавите места на јадранскиот брег го обиколија светот, а покрај славниот тенисер и добро расположeните гости, посебно внимание привлече и неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ. A post shared by Novak Djokovic (@djokernole) Долго време Црна Гора ќе зборува за ексклузивниот настан во волшебниот залив под моќните планини, на кои, како што сликовито опиша Новак Ѓоковиќ, зимата пристигна среде летото, во согласност со насловот на документарецот што премиерно ќе биде прикажан на 20 август. Друштво му правеа родителите Срѓан и Дијана, потоа Ана и Владе Дивац, Виктор Троицки и многу други, а Јелена Ѓоковиќ, како и секогаш во слични ситуации, беше во центарот на модното внимание.