„Софистицираното женствено“ здолниште од „Zimmermann“, кое е истовремено едноставно и многу ефективно, изгледа најдобро кога е во комбинација со ненаметливи парчиња, а една од најдобро облечените Србинки добро го знае ова Во текот на својата кариера, српската тенисерка Ана Ивановиќ важеше за една од најдобро облечените жени во светскиот спорт, а откако го „напушти“ рекетот, нејзините обожаватели можат секојдневно да ѕирнат во нејзините инспиративни модни комбинации. Спортистката често споделува фотографии од своите комбинации за разни пригоди, а за време на викендот покажа малку полежерен трендовски стајлинг, совршен за топлите летни денови. Ана позираше во комбинација од жолта маица без ракави со затворена јака и ленено мини здолниште од „Zimmermann“.