На 5 септември 2026 година, со почеток во 10:00 часот, на големиот паркинг кај Спортскиот центар На 5 септември 2026 година, со почеток во 10:00 часот, на големиот паркинг кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“, спроти базенот, ќе се одржи Vespa Grand Prix Skopje – целодневен настан во организација на Vespa Club Skopje, посветен на Vespa културата, натпреварувачкиот дух и италијанскиот начин на живот. Оваа година настанот добива дополнително значење бидејќи Vespa одбележува 80 години од своето создавање во 1946 година. Осум децении подоцна, Vespa е многу повеќе од превозно средство – таа е еден од најпрепознатливите симболи на италијанскиот дизајн, стил, слобода и култура.