Рождество на Пресвета Богородица е еден од големите празници на Светата православна црква. Иако овој празник, кој се празнува утре на 21 септември, се смета за почеток на сите празници, сепак, тој почнал да се празнува многу подоцна. Дури откако ослабнало паганството, христијаните, покрај на Исус Христос, можеле да ѝ оддадат заслужено признание и на неговата мајка.