Фаталната манекенка Ирина Шајк (40) повторно е зафатена, а според пишувањата на странските медиуми, нејзиното срце го освоил значително помладиот спортист, НБА ѕвездата Девин Букер (29) „На самиот почеток е, но многу си се допаѓаат еден на друг“, открил извор близок до парот и додал дека ги запознале заеднички пријатели пред неколку месеци, како и дека се трудат да поминат што повеќе време заедно во текот на летото, пред тој да започне со подготовките за новата сезона. „Очекувајте да ја видите Ирина на некои од неговите натпревари“, додал изворот. „Навистина ѝ се допаѓа“.