Турнејата на Ед Ширан под назив „Loop“ е делумно откажана по одлуката дека американскиот рапер Меклемор… Турнејата на Ед Ширан под назив „Loop“ е делумно откажана по одлуката дека американскиот рапер Меклемор повеќе нема да настапува на преостанатите концерти во САД. Во знак на солидарност со него се повлекоа ирскиот кантавтор Арон Роу, данската група „Лукас Греам“, ирскиот бенд „Беога“, кој го придружува Ширан на турнејата, но и Финеас, предвиден за настапи во Јужна Америка. Сè започна по концертот на 4 септември на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси, САД, каде што Меклмор во текот на настапот јавно ја изрази својата поддршка за Палестинците.