Иако го следел глас дека е голем заводник, Јосип Броз до последниот ден ја сакал својата Јованка, а за нивната љубов се пишува и ден-денес. Сепак, малкумина знаат како маршалот ја запросил својата сакана Личанка „Мојот живот беше тежок, исполнет со стресови, лични загуби, секакви неволји и чувствувам дека со тебе конечно би обезбедил спокојство и среќа“, биле зборовите со кои Тито ја запросил Личанката Јованка Будисављевиќ, подоцна Броз. Иако дотогаш пет години биле во тајна врска, Јованка останала затекната.