Најголемиот шумски пожар оваа сезона во Франција, во близина на градот Бордо на атлантското крајбрежје, е ставен под контрола и повеќе не се шири, изјави денеска министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез, притоа предупредувајќи дека сè уште има активни жаришта. Иако ситуацијата е подобрена, сè уште постојат „активни зони“ и жаришта кои бараат дополнително внимание, изјави Нуњез. Подобрувањето на состојбата ќе им овозможи на уште 10.000 жители да се вратат во своите домови, соопштија властите.