Лидерот на Европската народна партија, Манфред Вебер, ја повика ЕУ на итно воспоставување центри за враќање… Лидерот на Европската народна партија, Манфред Вебер, ја повика ЕУ на итно воспоставување центри за враќање на мигрантите во Африка, оценувајќи дека внатрешните гранични контроли не се долгорочно решение. Лидерот на Европската народна партија, Манфред Вебер, денеска повика на итно воспоставување центри за враќање на мигрантите во Африка, истакнувајќи дека масовното преминување на мигранти од Мароко на шпанската територија на северот на Африка, Сеута, покажало оти блиската соработка со соседните африкански земји може да функционира. Во колумна за весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (FAZ), Вебер ги повтори предлозите кои претходно ги изнесе комесарот на Европската Унија за миграција, Магнус Брунер, тврдејќи дека на земјите надвор од ЕУ би можеле да им се понудат поблиски трговски врски, економска соработка и можности за легална миграција во замена за прифаќање на поставувањето центри за враќање на мигрантите.