Според податоците на министерството за реконструкција, културните институции се оштетени во 354 територијални заедници, што претставува околу 24 проценти од сите заедници во Украина.
„Меѓу оштетените институции 906 се библиотеки, од кои 228 се целосно уништени, 196 уметничко-образовни установи - 25 уништени, 141 музеј и галерии - 20 уништени, 56 театри, кина и филхармониски сали - четири уништени, 13 паркови и зоолошки градини - два уништени, како и девет природни резервати, три циркуси и филмско студио во Киев Вкупно 1.990 објекти од културното наследство и 2.625 културни институции во Украина се оштетени или уништени од почетокот на војната со Русија, објави денеска украинското Министерство за култура.