Тајфунот Делфин денеска ја погоди источна Кина, што предизвика откажување на повеќе од 1.000 летови, евакуација на милион луѓе и прогласување на највисоко ниво на опасност, објавија метеоролошките служби, пишува Евроњуз (Euronews). Средишниот дел на тајфунот попладнето, по локално време, се упати кон копното во близина на градот Јухуан, во источната кинеска покраина Џеџијанг, соопшти Националниот метеоролошки центар-НМЦ (NMC) на Кина. Во моментот на ударот, максималната брзина на ветерот во близина на средиштето на тајфунот била повеќе од 150 километри на час, наведе НМЦ. Властите евакуираа повеќе од 900.000 жители од крајбрежниот град Венџоу, во покраината Џеџијанг, во источна Кина, и отворија повеќе од 1.000 прифатни центри.