Во Лондон полицијата заплени 90 луксузни автомобили, меѓу кои и редок Ferrari Monza SP2 вреден 3,7 милиони фунти, како дел од акција против несовесното возење и за зголемување на безбедноста на патиштата Редок Ferrari Monza SP2 , чија вредност се проценува на 3,7 милиони фунти , бил запленет во текот на викендот во Лондон. Автомобилот бил едно од 90 возила што полицијата ги одзела во акција против несовесното возење во населбите Кенсингтон, Челзи и Хајд Парк. Вкупната вредност на запленетите возила надминува осум милиони фунти.