„Audi Nuvolari“ е нов плаг-ин хибриден суперавтомобил кој претставува своевиден наследник на моделот „R8“, а за време на првото возење покажа дека, и покрај техничката поврзаност со „Lamborghini Temerario“, има изразито поинаков карактер и пристап кон перформансите. Во срцето на погонскиот систем се наоѓа 4,0-литарски твин-турбо В8 мотор кој достигнува до 10.000 вртежи во минута и работи во комбинација со три електромотори, создавајќи вкупно 987 КС, со што „Nuvolari“ стана најмоќниот сериски „Audi“ досега, наведува „Motor1“. Два електромотори ја придвижуваат предната оска, додека третиот е поврзан со менувачот, а енергијата се складира во батерија со капацитет од 7,3 кВтч, која овозможува кратко возење исклучиво на електрична енергија, но нејзината примарна улога е да обезбеди дополнителна моќност кога таа е потребна.