Европа забрзано преминува на електрични автомобили, но растот на продажбата отвора нова индустриска битка. Кина доминира во производството, ЕУ воведува концепт „Made in EU“, германската автомобилска индустрија бара заштита, а прашањето веќе не е само кога автомобилите ќе станат електрични – туку кој ќе ги произведува. Продажбата на електрични возила расте со рекордно темпо, Кина останува глобален центар на новата автомобилска ера, а ЕУ бара начин зелената транзиција да не заврши со индустриска зависност.