Денеска е 5 септември, според стар стил и се слави Св. пророк Захариј и праведна Елисавета, родителите на светиот Јован Претеча (Крстител). Захариј беше син Варахиин, од родот на Авиј, кој ја држеше осмата чреда на богослужење во храмот ерусалимски. Жена му беше Елисавета, ќерка на Совија, сестрата на света Ана, мајката на Пресвета Богородица. Во времето на царот Ирод детеубиецот, еден ден кога Захариј служеше според својата чреда во ерусалимскиот храм, во олтарот му се јави Ангел Божји, од когошто Захариј се уплаши.