Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 август. Денеска е Св. маченици Агатоник, Зотик и други. Денешниве маченици Агатоник, Зотик, Принкипс, Теопрепиј, Акиндин, Северијан, Зенон и многу други со нив беа фрлени в затвор во градот Никомидија, како христијани, при еден прогон за време на римскиот цар Максимијан.