Претседателот на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима и македонски писател со светско реноме, Јордан Плевнеш беше специјален гостин на акдемската церемонија на универзитетот „Константин Филозоф“ во Нитра, Словачка, на која што беше избран новиот Ректор Франтишек Петрович. Како што е познато, меѓу двата универзитети има доллгогодишна соработка и размена на професори и студенти во областа на аудиовизуелните уметности. Во присуство на голем број претставници од светски и европски високобразовни институции и видни личности од јавниот и културниот домен, како и од дипломатскиот кор, на овој настан посебно значење и беше оддадено на вековната поврзаност помеѓу Словачка и Македонија, од времето на Моравската мисија на Св. Кирил и Методиј, преку Охридската книженва школа на хуманизмот што ја продолжија нивните ученици Св. Климент и Св. Наум, до бројните актуелни релации во науката, образованието и културата.