Активни се пожарите во Општина Струга, меѓу селата Буринец и Локов, каде што гори нискостеблеста шума, во Општина Сарај, во селото Копаница, каде што се зафатени нискостеблеста шума и ниска вегетација, во Општина Студеничани, кај Палиград, каде што гори ниска вегетација и мешана шума, како и во Општина Ѓорче Петров, во селото Грачани, каде што Активни се пожарите во Општина Струга, меѓу селата Буринец и Локов, каде што гори нискостеблеста шума, во Општина Сарај, во селото Копаница, каде што се зафатени нискостеблеста шума и ниска вегетација, во Општина Студеничани, кај Палиград, каде што гори ниска вегетација и мешана шума, како и во Општина Ѓорче Петров, во селото Грачани, каде што е зафатена нискостеблеста шума. Активен е и пожарот во Општина Македонски Брод, во селото Белица, кај месноста Кајорец, на врвот, каде што гори борова шума, како и пожарот во Општина Ново Село, во селото Ново Село, каде што е зафатена депонија. Под контрола се пожарите во Општина Македонски Брод, во селата Битово, Заград и Страјане, каде што се зафатени нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат, како и во селото Драгов Дол, каде што гори ниска вегетација и шума.